Никола Маџиров (1973, Струмица) е поет, есеист, преведувач. Неговата поезија е преведена на над четириесетина јазици. За поезијата од книгата „Преместен камен“ ја добива меѓународната поетска награда „Хуберт Бурда“, како и наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Меѓу останатите награди се и „Студентски збор“ за дебитантска книга на Македонија (1999), наградата „Ацо Караманов“ (1999), „Xu Zhimo Silver Leaf“ наградата за европска поезија на Кингс Колеџ во Кембриџ (2016), главната награда на Меѓународниот фестивал за поезија „Орфеј“ во Пловдив (2019), како и Пекиншката награда на уметничката независна мрежа во Кина за современа поезија (2021). Корисник е на неколку меѓународни книжевни стипендии. Врз основа на стиховите на Никола Маџиров музика компонираa соработникот на Бјорк и Лу Рид, американскиот џез-композитор Оливер Лејк, италијанскиот композитор на класична музика Анџело Инглезе, македонскиот џез-пијанист Гордан Спасовски, како и лидерот на американскиот џез-состав Snarky Puppy, Мајкл Лиг, заедно со џез-пејачката и мултиинструменталистка Бека Стивенс. Никола Маџиров е уредник во „Стремеж“ и приредувач е на неколку прегледи на македонската современа поезија објавени во странски списанија. Беше член на жирито на најголемата меѓународна награда за поетска книга објавена или преведена на англиски јазик Griffin Poetry Prize во 2023 година, што се доделува во Торонто. Ги има преведено Луиз Глик, Јехуда Амихај, Георги Господинов, Славенка Дракулиќ, Александар Ристовиќ и други автори. Живее во Струмица.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment