МОНИКА ТРАЈКОВСКА
Македонија

Моника Трајковска е родена на 26 мај 1989 година во Скопје. Уште од рана возраст покажува заинтересираност за човечкиот ум, па тоа ја води кон факултетот за психологија. По дипломирањето, сакајќи да дознае повеќе за однесувањето на луѓето, завршува и прв степен во областа на гешталт-психотерапијата. Смета дека целото искуство за време на студирањето ѝ помогнало при создавањето на ликовите од трилогијата „Наследството на Вероника“.

 

 

 

 

 

Наследството на Вероника: На работ од времето

Возбудливиот прв дел од научнофантастичната трилогија „Наследството на Вероника“ ве воведува во Новиот Почеток, совршениот свет од иднината, во кој не постојат неизлечиви болести, сиромаштија, криминал, војна… или барем навидум е така.

Животот на Вероника е мошне едноставен и рутински, сè додека еден ден нејзините родители нема да се вратат од работа. Токму тогаш и започнува нејзината најголема авантура. Таа ќе мора да го напушти домот што долго време ѝ бил безбеден „затвор“, а потоа и градот, и да ја запознае другата, темна страна на новиот свет, доживувајќи непредвидливи авантури и соочувајќи се со сето она што сè до нејзината деветнаесетта година било криено од неа…

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment