Миодраг Мајиќ
Србија
Миодраг Мајиќ е роден во 1969 година во Белград. Судија е во Апелациониот суд. Докторирал кривично право, а специјализирал меѓународно кривично право.
Има објавено, самостојно и како коавтор, десет монографии и повеќе од триесет статии од областа на кривичното и меѓународното кривично право, а учествувал и во изработувањето на законодавството што е од витално значење во овие области. Тој е еден од основачите на Судскиот истражувачки центар. Веќе десет години редовно објавува написи на блогот на судијата Мајиќ, каде што отворено зборува за корупцијата, непотизмот и политичкиот притисок во српското правосудство.
„Деца на злото“ е неговиот прв роман (испечатен во повеќе од 30 изданија). Претходно има објавено збирка сатирични раскази под насловот „Во име на народот“. Во 2020 година го објавил вториот роман „Островот на пеликаните“, кој добива одлични критики. Живее со сопругата и трите деца во Белград.
Островот на пеликаните
Превод: Сашо Христовски
НАГРАДА BOOKSTAR 2021
Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр.
Дејството ги следи судбините на двајца млади Роми, кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани што никој не би можел да ги замисли.
Приказната за Ајша и Габриел, за Павле и Јована, е приказна за џелатите што стануваат жртви и жртвите што стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас. Токму затоа оваа книга ќе ја прочитате во еден здив, а силуетите на нејзините јунаци ќе се вкотват длабоко во вас.
Други книги на македонски:
Деца на злото
Превод: Кристина Велевскa
Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани, кои ќе откријат дека станува збор за злосторство од страст, одмазда, опомена и симболика.
Дури и во систем длабоко изгребан од корупцијата има место за херои.