Милан Дамјановски (1977) е преведувач и универзитетски професор. Доцент е по книжевност на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Доктор на науки е по англиска книжевност. Работи и како слободен преведувач и литературен преведувач. На англиски преведувал дела од истакнати современи македонски писатели, како Владимир Мартиновски, Блаже Миневски и Светлана Христова Јоциќ. Има преведувано за организации како што се Струшките вечери на поезијата и македонската ПЕН-Ревија. Неговиот превод на романот „Знакот“ од Блаже Миневски беше номиниран за престижната награда „Даблин Импак“ за 2013 година. Дамјаноски е и уредник на Блесок проза. За издавачката куќа „Блесок“ објави книга со афоризми „Статус на нашето време“.