Маријанџела Бјанкофиоре (1981) е родена во Мола ди Бари, мало гратче помеѓу Бари и Монополи (Италија). Дипломирала македонски јазик и книжевност и англоамерикански јазици и книжевности на Универзитетот „Л’Ориентале“ во Неапол, потоа специјализирала теорија и практика на литературниот превод на Универзитетот во Бари. Од 2006 до 2017 година живеела во Скопје, предавала на некои универзитети каде што била активно инволвирана во промоција на културни и општествени проекти. Има преведено различни македонски автори: Луан Старова, Олег Дементиенко, Ката Ќулавкова, Драги Михајловски, Александар Прокопиев, Лидија Димковска, Влада Урошевиќ и Жарко Кујунџиски. Преведува од македонски, бугарски и од англиски јазик.