Марија Грубор (1992) е родена во Велес. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела во здравствениот сектор, a учествувала и во неколку независни студентски организации и културни проекти. Има издадено две поетски збирки. Дел од нејзините песни се преведени на англиски, бугарски, германски и шпански јазик. Двократен победник е на националниот натпревар во слем поезија. На Европскиот шампионат во слем поезија во Будимпешта во 2018 освојува место во самото финале. Во 2022 публиката ја избира за претставник на јубилејниот Европски шампионат во Брисел во 2024 година. Во 2022 во соработка со џез-гитаристот Филип Букршлиев го создаваат мултимедијалниот проект Aspirin Moon.