Ламија Милишиќ (1995) е литературен, театарски и филмски критичар и теоретичар. Во Сараево дипломирала филозофија и компаративна книжевност. Добитничка е на наградата за најдобар студент на Филозофскиот факултет на УНСА и Златната значка на УНСА. Нејзини есеи, текстови од книжевната теорија, критики и научни трудови се објавени во различни регионални списанија и портали. Таа е посветена на теоретски теми од областа на онтологијата на книжевните ликови, наратологијата и семиологијата и истражува начини за преведување на книжевните форми во други медиуми, како што се филмот и видеоигрите. Секретар е на ПЕН-центар во Босна и Херцеговина од 2020 година и извршен директор на Меѓународниот фестивал за литература „Букстан“ (“Bookstan”) од 2022 година.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment