ЈЕЛА КРЕЧИЧ
Словенија

Јела Кречич (1979) е словенечка писателка. Дипломирала на тема уметничките манифести во словенечката авангарда. Докторирала философија. Пишува за најголемиот весник во Словенија, „Дело“, каде што во 2013 година на словенечки и на англиски јазик објавува ексклузивно интервју со Џулијан Асанж, што ја прави меѓународно позната личност. Истата година стапува во брак со философот Славој Жижек.

 

 

 

 

 

Нема друга
Превод: Драгана Евтимова

Оригинална и комична приказна за сложените човекови односи во современите времиња. По разделбата со долгогодишната девојка, Матјаж паѓа во тешка депресија. Но, по некое време, донесува одлука дека патот до нејзиното срце води преку друга врска. Односно врски. Но планот излегува позамрсен од тоа што очекувал. Тој тргнува на одисеја од „мувања“ на една вечер со редица девојки по познати места во Љубљана, но и од поранешна Југославија. Средбите и жените се најразлични, но Матјаж секогаш доаѓа до истиот заклучок: дека нема друга како бившата. Кречич создала метафора на љубовта во денешното општество, но и урнек на прикриен женомразец типичен за новиот милениум, кој ни го ставила на тацна.

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment