Јана Михајловска (1981) е библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение во Македонија. Во 2004 година дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Во 2017 година ја одбранила докторската дисертација. Неколку години работи во градинките и во приватните училишта за странски јазици во Скопје како професор по англиски јазик. Од 2012 до 2014 година работи во Министерството за култура на Република Македонија, а од 2014 година е редовно вработена во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Покрај преводите на романи од англиски јазик, има учествувано и во бројни проекти на Владата на Република Северна Македонија. Сè уште соработува со повеќе издавачки куќи од Македонија, но соработува и со странски организации во земјата и странство.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment