Иван Антоновски

Иван Антоновски (1990) – поет, раскажувач, есеист, книжевен истражувач и преведувач, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (Катедра за македонска книжевност и култура) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Автор е на неколку поетски книги, книги за деца, книги со студии и есеи за современата македонска книжевност и книжевни преводи. Соприредувач е на четири антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура. Добитник е на неколку книжевни награди (меѓу кои: „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца за 2024 и „Живко Чинго“ за најдобар расказ во 2023) и на високи општествени признанија (меѓу кои и државната награда „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за 2024 година, за остварувања во публицистиката од интерес на Македонија). Најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година, одликуван од претседателот на државата со наградата „Успешни млади“. Член на: Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот славистички комитет и Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.

 

 

Бакнежи на небото

„Светулка нова“, Скопје, 2024

НАГРАДА „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“, 2024

Нежна приказна за настанувањето на зимата и за топлата врска меѓу сестричето Илина и братчето Јаков. Во снежна ноќ, додека се подготвуваат за спиење, Илина му раскажува на Јаков бајка што ја слушнала од баба им, со што започнува магијата на делото. Богатите илустрации со носталгичен призвук ја надополнуваат атмосферата. Иако е сликовница, текстот е обемен и носи повеќеслојна порака – од бајковитата приказна за снегот, до современата тема за љубовта меѓу брат и сестра. Авторот ја претвора едноставната ситуација во длабока метафора за семејната блискост, но и за пренесување одговорност врз постарите деца во денешното динамично време. Со мотото „Сè убаво што постои на светов е создадено од љубов“, Антоновски нуди дело кое подеднакво се обраќа и на децата и на родителите, создавајќи заокружена целина од текст, илустрации и дизајн.

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment