СРБИЈА
Игор Маројевиќ (1968) е современ српски писател и преведувач, член на српскиот и на каталонскиот ПЕН-центар и еден од основачите на Српското книжевно друштво. Автор е на девет романи, две новели и четири збирки раскази.
Студирал српскохрватски јазик и југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Посетувал докторски студии по светска книжевност на универзитетот „Аутонома“ во Барселона.
Обработува теми за загрозени малцинства односно идвидуалци кои се соочени со агресивното општесто. Негови дела се преведи на седумнаесет јазици. Го објавил „Белградското петокнижје“, а автор е и на пентологијата „Етнофикција“ од која засега се издедени четири дела.
Неговото дело „Номади“, оригинално напишано на шпански јазик, се изведува во Шпанија во продукција на „Театарскиот институтот Барселона“ и во Белградскиот драмски театар.
„Остатоци од светот“ е најнаградуваниот роман во српската книжевност на XXI век.
Добитник е и на наградите:
- Наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобро дело на српски јазик за 2020 година за романот „Остатоци од светот“,
- „Андриќевата награда“ за најдобар расказ на српски јазик за расказот „Сликописание“,
- Наградата на град Белград „Деспот Стефан Лазаревиќ“ за романот „Остатоци од светот“,
- Наградата „Златен сончоглед“ за книгата „Гранични состојби“,
- Наградата „Златен беочуг“ за траен придонес на културата на Белград,
- Унгарско-српската награда „Карол Сирмаи“,
- Наградата „Борислав Пекиќ“ за романот „Жега“,
- Наградата „Троношки родослов“ за романот „Остатоци од светот“,
- Наградата „Стеван Пешиќ“ за романот „Жега“,
- Наградата „Десимир Тошиќ“ за збирката раскази „Низ главата“.
Живее на релација меѓу Белград и Барселона. Преведува проза од шпански и од каталонски јазик.
„Контекстите се заебани, луѓето се глупави, и некаде на таа точка на немоќта настапува книжевноста.“
Остатоци од светот
Превод од српски: Сашо Христовски
„Антолог“, Скопје, 2024
НАЈНАГРАДУВАНИОТ СРПСКИ РОМАН НА XXI ВЕК
Драматична и потресна сага за „векот на логорите“. Човековата трагична судбина од Шпанската граѓанска војна преку Јасеновац и Блајбург, Кравица и Сребреница, сè до бомбардирањето на Србија од НАТО, се одвива на големите платна на толеранцијата, опстанокот и болката. Главната протагонистка на романот со својот чудесен ерос воспоставува баланс помеѓу темнината и светлината нудејќи надеж во спасувањето на невиното, или барем инаков поглед на она што останало во „остатоците од светот“.
„Несомнено најдобриот роман на Игор Маројевиќ досега.“ – Зоран Богнар
„Еден од најдобрите српски романи во XXI век.“ – д-р Игор Перишиќ
Други книги на македонски јазик:
„Мајчината рака“ [превод од српски: Сашо Христовски], „Арс ламина“, Скопје, 2017.
„Белграѓанки“ [превод од српски: Сашо Христовски], „Арс ламина“, Скопје, 2015.
„Трагачи“ [превод од српски: Петар Волнаровски], „Блесок“, Скопје, 2005.