ХОКАН НЕСЕР
Шведска

За фановите на скандинавските трилери Хокан Несер (1950) би требало да биде во првите пет од листата. Тој е еден од најценетите шведски автори на трилер-романи и е првиот што трипати ја добил наградата за најдобар шведски крими, а исто така и единствениот што ја освоил данската награда „Розенкрац“ двапати по ред. Како автор се движи меѓу жанровите, но најпознат е по крими-серијалите за Ван Ветерен. Во август годинава на локации во Србија, Словенија, Хрватска и Белгија заврши снимањето на крими-трилогијата филмови на англиски јазик со Бен Кингсли, Бено Фурман, Тува Новотни во главните улоги, снимени по негови книги што ќе бидат објавени следната година.

 

 

 

 

Во окото на свеста
Превод: Сузана Стојановска

„Во окото на свеста“ е првиот од серијалот крими-трилери со ликот на Ван Ветерен, еден од најоригиналните ликови на детективи во скандинавската литература. Дејството се одвива во фиктивен град наречен Мардам, кој се наоѓа во Северна Европа во земја што никогаш не е именувана. Жена е пронајдена мртва во када! Главен осомничен е сопругот, кој, откако ја повикал полицијата, ја вклучил машината со валканите алишта од минатата ноќ. Мислите дека може да е олку едноставно?

Етапите на истрагата на убиецот на првата жртва – Ева Рингмар се карактеристични за мистичен крими-роман. Но, со појавата на второто убиство, почнуваат да се замрсуваат заплетите. Трилер-роман? –Да! И тоа одличен трилер-роман, чија цел не е само да отвори мистерии што ќе имаат шокантно финале туку и нешто подлабоко од тоа!

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment