Горазд Кени Китановски, тоа сум јас – слободен и среќен човек. Имам 29 земски години и живеам во Скопје. Љубовпитен патник, луциден перформер, поетприемач, продуцент и режисер на видливи и невидливи филмови. Мое највисоко достигнување и најдлабока благодат е тоа што стотици илјади луѓе позитивно го почувствувале и споделиле тоа што го творам и создавам.