ЕСМАХАН АЈКОЛ
Турција / Германија

Есмахан Ајкол (1970) е турско-германска писателка и новинарка. Дипломирала право во Истанбул. Моментално е на докторски студии во Берлин. Нејзините романи се преведени на голем број европски јазици, главно преку серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел.

 

 

 

 

 

 

 

Убиство во хотел Босфор
Превод: Тулај Сејфула

Роман што успева да го задржи вниманието на читателот до самиот крај.

Романот „Убиство во хотел Босфор“ е првиот од серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел, потпишани од Есмахан Ајкол. Кати се доселила во Истанбул од Германија и отворила своја книжарница, каде што се продаваат исклучиво криминалистички романи. Наскоро во блискиот хотел се случува убиство во кое е вклучена и нејзина пријателка. Така што истрагата станува нејзин интерес.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment