Дијана Петрова

Дијана Петрова е родена на 8 април 1992 година во Делчево. Професорка е по македонски јазик и литература. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, каде и го продолжува своето студирање на втор циклус студии. Авторка е на три објавени книги: „Бдеењето над себе“ (роман; 2018), „Не правете им сенка на гробовите“ (збирка раскази; 2020), „Излегувањето од сенка – Тајното женско училиште“ (роман; 2023). Авторка е на многу есеи и раскази кои се објавувани во неколку книжевни списанија (Современост, Литературен збор, Репер, Блесок, Окно, Медуза, Млади македонисти, Премин). Во 2023 година за нејзинот расказ „Рош хашана“ ја добива првата награда на конкурсот распишан од Фондот на холокаустот во Македонија. Двократен добитник е на престижната награда за најдобар расказ „Живко Чинго“ (2024, 2025).

 

 

 

 

Излегувањето од сенка

„Антолог“, Скопје, 2023

 

XIX век во Струга, Митра Миладинова и Султана Миладинова, поттикнати од понудената поддршка на рускиот славист Виктор Иванович Григорович, почнуваат дело, кое, како што се развива, станува сè подлабоко и посериозно.

Неколку жени перачки кои се сретнуваат на реката првпат почнуваат да зборуваат за тоа каков би бил светот кога би им се дало глас на жените. Против неправдата која неколку векови ги обвивала сите, почнуваат да зборуваат и да се борат со дело кое му пркоси на времето и на заборавот. Живеењето и дејствувањето во сенка излегува на светлина кога се дознава за Тајното женско училиште – Ученољубие.

 

 

 

Не правете им сенка на гробовите

„Антолог“, Скопје, 2020

 

„Светот во кој авторката нè води е и обичен и необичен, мистериозен и банален, близок и далечен, населен со ликови со широка палета од најразлични особености во чија бизарност, сепак, лежи човечкото. Оваа книга остава жиг, не на телото туку на душата на читателот, кој сака да тргне во една ваква силна и возбудлива авантура и поради тоа, како и поради зрелоста, умешноста, мудроста на овие раскази односно на нивната авторка.“

Фросина Пармаковска

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment