Бобан Здравковски Андреевски (1969), книжевен преведувач и уредник. Има преведено повеќе дела од германски, англиски и руски јазик, од автори како Франц Кафка, Томас Ман, Карл Јунг, Артур Шопенхауер и др. Автор е на бројни графички решенија за книги, книжевни списанија, со 25-годишно искуство.
Активно работи на уредување книги, и посветен е на естетското обликување во секоја етапа на книжевното издаваштво – од техничко уредување на книжниот блок, па сè до создавање визуал во промотивниот дел на издавачката дејност.