Билјана Туџаровска-Ќупева (1975, Ресен). Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Своето образование го продолжува на постдипломските студии на Филолошкиот факултет на насоката Наука за книжевност каде магистрира на тема „Македонската книжевност во контекст на издавачката дејност во Република Македонија (1991 – 2007)“, додека во 2013 година на истиот факултет го одбрана докторскиот труд на тема „Македонската книжевност во контекст на современите културни индустрии (издавачката дејност 1991 – 2011)“. Од 2000 до 2002 година Билјана Туџаровска-Ќупева работи како асистент на интерфакултетскиот научноистражувачки проект за развој на високото образование (ХЕСП). Има раководено повеќе проекти во областа на рецепцијата на книжевноста, класичното и електронското издаваштво, како и повеќе меѓународни проекти од областа на издаваштвото. Од 2002 година работи во Министерството за култура на Република Северна Македонија како Раководител на Секторот за издавачка дејност (Сектор за книга), каде го разви и постави моделот за превод на македонската литература на странски јазици, преку Конкурсот за финансирање преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици. Со своето искуство во областа на издавачката дејност е вклучена во голем број проекти и процеси во издаваштвото во Република Северна Македонија. Со своите активности има голем придонес за вклучување на нашата држава во најголемите меѓународните организации од областа на издаваштвото во Европа како што се ТРАДУКИ, Форум на словенски култури и други.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment