Биљана Стојановска (1984) има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината трета книга „Додека спиеш“ излезе во 2024 година во издание на „Чудна шума“. Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе македонски списанија за литература и антологии.
Зборовите немаат значење
„Треба да се има луцидност да се созерцне во секојдневјето, кое по својата природа е банално, и од него да се создаде мудрост. Кога би се барало од мене со една реченица да ја опишам книгата „Зборовите немаат значење“ од Биљана Стојановска, тоа би била мојата реченица. Пред вас имате сериозна книга од млад автор што многу ветува. Ваквите книги се вистинска реткост во македонската книжевна продукција.“
Ѓоко Здравески
„Поезијата на Биљана Стојановска е длабок допир со ритуалноста на денот. Обичноста на објектите и нивната конкретна и вербална поврзаност со мигот и со телото на оној што пишува го исцртуваат топлиот амбиент на присуството на една широка љубов – љубов што живее во делбата пред да стане разделба и во припомнувањето пред да стане помнење“.