Ана Јовковска (1982) е научен истражувач, докторанд на културолошки студии, магистер по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, писателка, ТВ-уредничка и специјалист за односи со јавност. Авторка е на шест книги. Како авторка, продуцентка и водителка на дебатната емисија „Пулс“ низ која ги артикулираше интелектуалните ставови на значајни творечки јавни личности, внесувајќи ги културолошките, филозофски и политички теми во најгледаните (prime-time) термини на телевизија, неколку пати е наградувана за најдобар ТВ-проект. Во 2013 година со група од десет ентузијаст(к)и го основа првиот Автономен културно-социјален центар во Скопје, како слободна зона за независна уметност, култура, дебата и младински активизам. Вработена е како научен истражувач во Институтот за македонска литература во Скопје.