Александра Јоаниду (1966) е доктор на науки, универзитетски професор и преведувач од Грција. Од 1984 до 1992 година студирала славистика (руска и полска литература и бугарска лингвистика) во Хајделберг, Германија. Авторка е, меѓу другото, на публикации за руската и компаративната литература и словенските дијалекти на Балканот. Превела повеќе книги од германски, руски, полски и од македонски на грчки јазик, меѓу кои и „Прашања за поетиката на Достоевски“ на Михаил Бахтин, како и дела од неколку писатели (Владимир Маканин, Виктор Пелевин, Људмила Улицкаја, Павел Кохут, Чеслав Милош). Во 2009 година ја добила Националната награда за нејзината книга „Случајот Кулофакос“. Нејзините најнови истражувања се фокусираат на проблемите на замолкнувањето и самоцензура во академската област.