Ахмет Умит

Ахмет Умит е роден во Газијантеп (Турција) во 1960 година. Дипломирал на Катедрата за јавна администрација при Универзитетот „Мармара“. Во периодот 1985–1986 година студирал политикологија на Академијата за општествени науки во Москва. Неговата прва книга е збирка поезија, објавена во 1989 година. Во 1992 ја објавува својата прва книга раскази. Следуваат неколку збирки детективски раскази. Неговиот прв роман „Магла и ноќ“ (1996) се смета за ремек-дело на детективската книжевност. Умит е автор и на графички романи со инспекторот Невзат. Филмот „Збогум, моја убава татковино“ е направен според негово сценарио. Делата му се преведени на триесет и седум различни јазици и достигнале огромна меѓународна читателска публика. Многу од книгите му се адаптирани во филмови и телевизиски серии, а некои од нив и како театарски претстави. Бил и водител на ТВ-емисијата „Градот во кој живееш“ (Yaşadığın Şehir), посветена на подигнување на свеста за урбаната култура, зачувување на историјата на градовите и развој на мултикултурализмот. Во 2006 година, благодарение на романите „Патасана“ и „Белезијата на Нината“, бил избран за член на Турскиот институт за антиквитети, а во 2023 бил избран за член на Германскиот археолошки институт.

 

Знакче веб: http://www.ahmetumit.com/

Знакче Х: https://x.com/baskomsernevzat

Знакче инста: www.instagram.com/baskomsernevzat

Знакче јутјуб: www.youtube.com/ahmetumityazar

 

 

 

Глас ја сече ноќта НОВО

Превод од турски јазик: Анета Матовска

„Антолог“, Скопје, 2025

 

Под светлината на полната месечина, едно мало место тоне во сон. Џип се удира во ѕидот на селските гробишта. Мртовецот чека прочистување за време на алевитскиот обред. Тивок сведок на сето тоа станува триесетгодишниот научен истражувач кој е заробен меѓу урнатите идеали и суровата реалност. Настаните ќе го одведат до срцето на древната вера и до темнината во сопствената душа, потсетувајќи го на настаните од неговиот револуционерен период.

 

 

 

Кога напаѓаат птиците грабливки НОВО

Превод од турски јазик: Зејнеп Хусеин

„Антолог“, Скопје, 2025

 

Во Истанбул веќе со денови и денови непрекинато врне дожд. Свлечиште предизвикано од дождот открива скелет со куршум заглавен во черепот. Инспекторот Невзат треба да го открие идентитетот на жртвата убиена пред седум години. По куса истрага се утврдува дека куршумот е испукан од неговиот пиштол. Она што е необично е дека тој ниту го познава човекот ниту се сеќава дека го убил. Додека се соочува со корумпирани полициски шефови и се судира со мафијашки групи од целиот Балкан, го прогонува едно исто прашање: „Дали сум јас убиецот, или некој ме мести?“

 

 

 

Други книги на македонски јазик:

„Дервишката порта“ [превод од турски: Саки Јусуфовски], „Бата прес“, Скопје, 2023.

„Патасана“ [превод од турски: Тулај Сејфула], „Антолог“, Скопје, 2022.

„Крикот на ластовицата“[превод од турски: Тулај Сејфула], „Антолог“, Скопје, 2021.

„Убиствата во Бејоглу“ [превод од турски: Елена Маџоска-Шикоска], „Бата прес“, Скопје, 2019.

„Убиството во Султанот“ [превод од турски: Елена Маџоска-Шикоска], „Бата прес“, Скопје, 2019.

„Белезијата на Нината“ [превод од турски: Елена Маџоска-Шикоска], „Бата прес“, Скопје, 2019.

„Кога дрвјата шепотат“ [превод од турски: Елена Маџоска-Шикоска], „Бата прес“, Скопје, 2018.

„Приказна во приказна“ [превод од турски: Ивана Шутиноска], „Бата прес“, Скопје, 2018.

„Магла и ноќ“ [превод од турски: Анета Матовска], „Антолог“, Скопје, 2014.

„Мементо за Истанбул“ [превод од турски: Анета Матовска], „Антолог“, Скопје, 2014.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment