Србија 🇷🇸

Бранко Росиќ (1964) е српски писател и дипломиран машински инженер роден во Белград. Свирел во култниот панк бенд „Урбана герила“, а подоцна и во електро групата „Берлинер штрасе“. Соработувал во пишувањето на „Лексиконот на YU митологијата“ и објавувал текстови во „Плејбој“, „Ел“, „Л’еуропео“, „Космополитен“, „Макс“, „Нешнл џиографик“, „Б92 онлајн“, „Фејм“. Заменик е на главниот уредник на списанието „Недељник“.

Работел интервјуа со сите значајни личности од културата од поранешна Југославија, како и интервјуа со многу личности од светскиот рокенрол и култура, како Стивен Патрик Мориси (Д Смитс), Ник Мејсон (Пинк флојд), Јоко Оно, Ханиф Курејши, Ирвин Велш, Ју Несбе, Жан-Пол Готје итн.

Тој е еден од првите српски музичари што дале интервју за прочуениoт англиски весник „Њу музикал експрес“. Бил главен уредник на публикацијата на фестивалот Exit „20 години на Exit активизмот“.

На британскиот премиер Борис Џонсон му бил претставен како „панкер со маска на новинар“. Британската кралица Елизабета II го одликувала со Медал на Британската империја за исклучителен придонес во промовирањето и унапредувањето на културните врски меѓу Велика Британија и Србија.

Автор е на три романи.

 

Доаѓањето на матадорот
Превод од српски: Сашо Христовски

Макс е талентиран актер, но е во сенката на грандиозната актерска кариера на татко му. Иако со видни амбиции во професијата, изгледа дека животот има други планови за него. Една моќна жена ќе му предложи да биде главен дел од софистицирана измама, а тој нема да може да одолее барем еднаш во животот да одигра водечка улога, ризикувајќи сè што стекнал.

Гавран е маркетинг менаџер кој повеќе не може да го поднесе корпорацискиот диктат и да биде тркалце во системот што ги меле сите луѓе на оваа планета. Тој има поинаква визија, а кога ќе се вљуби во Камиј, ќе ѝ подари несекојдневен подарок – општествена револуција. Двајцата тргнуваат по стапките на Јованка Орлеанка, од Руан до Париз и Лондон…

Макс и Гавран се двајца хазардери кои смело зачекоруваат во коридата на XXI век каде што ќе бидат пречекани со многу ниски удари.

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment