Хрватска 🇭🇷

Драго Гламузина е хрватски писател и уредник, роден во Вргорац во 1967 година. Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Факултетот за хуманистички и општествени науки во Загреб.

Бил новинар во „Вјесник“ и уредник во списанието „Национал“. Од 2003 до 2011 година работел како главен уредник во издавачката куќа „Профил“, а од 2011 година работи како главен уредник во издавачката куќа „ВБЗ“.

Ја извршува и функцијата програмски директор на литературниот фестивал „Врисок“ во Риека.

Неговата поезија, проза и книжевна критика се објавени во различни списанија, весници и емитувани на радио.

Автор е на книги поезија и романи.

За книгата „Mесари“ ја добил наградата Владимир Назор за книга на годината и наградата Квирин за најдобра стихозбирка од автор помлад од 35 години.

За романот „Три“ ја добил наградата на тпортал за роман на годината.

Живее во Загреб.

 

Вториот закон на термодинамиката
Превод од хрватски: Владимир Јанковски

„Вториот закон на термодинамиката“ ја следи приказната за неколку средовечни луѓе кои една вечер ќе се најдат на заедничка забава и како еден вид интелектуална игра ќе мора да раскажат некоја своја интимна, лична, дотогаш нераскажана приказна. Така, тие почнуваат да раскажуваат чудни, необични, драматични и истовремено мошне интересни приказни за љубовта, сексот, емотивните односи. Книгата на моменти личи на пијана забава, на психоаналитичка сеанса, но и на платонистички дијалог или гозба во која се откриваат, комбинираат, соочуваат некои од најинтимните аспекти на животот.

 

 

 

 

Други книги на македонски јазик:

„Еверест“ [препев од хрватски: Нове Цветановски], Македоника литера, Скопје, 2016.
„Тоа ли е сè“ [препев од хрватски: Нове Цветановски], Македонска реч, Скопје, 2010.
„Три“ [превод од хрватски: Ленче Тосева], Македонска реч, Скопје, 2009;
„Месари“ [препев од хрватски: Јадранка Владова], Македонска реч, Скопје, 2004.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment