Марија Пандева (1994) е дипломиран преведувач од македонски на шпански и од шпански на македонски и дипломиран професор по македонски јазик. Од 2022 година работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ како асистент-истражувач, а претходно работела 4 години како лектор по македонски јазик на МДУ „Ломоносов“ во Москва. Превела 5 книги од шпански на македонски, две збирки поезија и три прозни дела. Предава шпански јазик и македонски за странци. Сака да чита, да патува и да запознава нови култури.