Vlada Urošević  

Влада Урошевиќ е академик, поет, прозаист, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Значаен дел од животот го поминал како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност.

Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), објавил 11 збирки поезија. Неговиот прозен опус, пак, се состои од збирки раскази, романи, книги со записи и патописи, критика и есеистика. Составил и поголем број антологии.

На македонски јазик ги препеал Бодлер, Рембо, Аполинер, Елијар, Бретон, Мишо, Превер. За својот книжевен и преведувачки опус, од Владата на Република Франција е именуван првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на тој Ред.

Книгите на Урошевиќ се преведени на: англиски, бугарски, германски, дански, италијански, полски, руски, словенечки, српски, француски, хрватски и на шпански јазик.

Добитник е на речиси сите највисоки државни награди и е овенчан со Златен венец на манифестацијата Струшки вечери на поезијата во 2023 година.

 

Кула крај море

„Антолог“, Скопје, 2026

 

„Кула крај море“ е една од најзрелите и најмистично градени збирки на Влада Урошевиќ. Синтеза на речиси сите негови опсесии: митот, сонот, симболот, метафизиката, морето и огледалото на зборот. Збирката е подредена како серија визии, секоја песна како камен во мозаикот на едно големо алегориско градење,  кулата како место на созерцание, чекање и создавање.

Песните од оваа збирка досега не биле објавувани во книга на Влада Урошевиќ. Збирката содржи 76 песни поделени во пет тематски циклуси.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment