Соња Станковска
Соња Станковска е архитект и дизајнер, но во основата е раскажувач на приказни, без разлика на медиумот што го користи. Гради светови од линии, простори и зборови.
„Фобос“ (Или-Или, 2025) е нејзина прва објавена книга, која беше финалист за наградата Роман на годината за 2025 година.

Фобос
„Или-Или“, Скопје, 2025
Романот „Фобос“ е уникатен пример на колажиран, нелинеарен и мошне комплексен хибриден текст кој умешно ги поставува едни од најзначајните прашања за човекот и за светот: каде бевме, каде сме и каде одиме. Исклучително креативно и храбро, ова четиво нуди цел спектар од приказни кои се суштински, егзистенцијални и актуелни, а истовремено бескрајно духовити и игриви. Да се влезе во светот на Фобос е како да се тргне на патување без безбедносен појас кое никако не знаете каде ќе ве одведе – иднината е само една од варијантите на минатото, а човекот има бескрајни можности да биде, да постои во еден од световите што ги има до недоглед или, пак, во сите нив, во некое алтернативно време.
Frosina Parmakovska
