Maрија Ангеловска (1994) дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на катедрата за англиски јазик и книжевност. Се занимава со превод, толкување и пишување поезија и проза.

Марија Пандева (1994) е дипломиран преведувач од македонски на шпански и од шпански на македонски и дипломиран професор по македонски јазик. Од 2022 година работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ како асистент-истражувач, а претходно работела 4 години како лектор по македонски јазик на МДУ „Ломоносов“ во Москва. Превела 5 книги од шпански на…

Марија Грубор (1992) е родена во Велес. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела во здравствениот сектор, a учествувала и во неколку независни студентски организации и културни проекти. Има издадено две поетски збирки. Дел од нејзините песни се преведени на англиски, бугарски, германски и шпански јазик. Двократен победник е на националниот натпревар во слем…

Љубица Арсовска (1950) е книжевен преведувач. Главен уредник е на списанието „Културен живот“. Преведува од англиски на македонски и обратно. Досега од англиски ги преведувала Џулијан Барнс, Тони Морисон, Сузан Сонтаг, Арундати Рој, Ијан Мекјуан, Харолд Пинтер, Тенеси Вилијамс и други, а од македонски на англиски Лидија Димковска, Лилјана Дирјан, Ристо Лазаров, Томислав Османли. Таа…

Александра Јоаниду (1966) е доктор на науки, универзитетски професор и преведувач од Грција. Од 1984 до 1992 година студирала славистика (руска и полска литература и бугарска лингвистика) во Хајделберг, Германија. Авторка е, меѓу другото, на публикации за руската и компаративната литература и словенските дијалекти на Балканот. Превела повеќе книги од германски, руски, полски и од…

Давор Стојановски (1987) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистер е по македонска книжевност. Работел како копирајтер и уредник. Од словенечки јазик превел дела од неколку автори. Каетан Кович, Горан Војновиќ, Драго Јанчар, Ања Мугерли итн. Неговиот втор роман „Собирачи на пепел“ ја освои наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2016. Третиот роман…

Катерина Шошко (1986) е писателка и блог-авторка. Во 2008 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а во 2013 магистрирала на истиот факултет, на насоката Применета политика. Од 2011 пишува за домашни електронски медиуми, а во моментов работи како СЕО контент, веб и блог-писателка. Во 2016 година го издава нејзиниот прв роман, психолошко-криминалниот трилер „Крвава Месечина“…

Јосип Коцев (1985) е македонски поет. Завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Pаботи во областа на маркетингот и комуникациите. Автор е на поетските книги „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016), „Сега е најдолгото никогаш“ (2018), „Музеј на чувствата“ (2019) и „Две мориња“ (2023). Добитник е на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на…

Влада Урошевиќ (1934) е поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Поминал значаен дел од животот како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Објавил единаесет збирки поезија. Помеѓу неговите прозни дела има седум збирки раскази, седум романи, три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките…

Аница Блажеска (1983) e родена во Тетово. Сè уште учи, се надоградува, работи и упорно не пишува. Таа е сурово реална, безобразно трезвена и интелектуално емотивна поетеса. Нејзините настапи се природни и спонтани до степен на симпатична и искрена сценска наивност – сосема спротивна на луцидноста и зрелоста на нејзината поезија.