Мајнхард Раухенштајнер Мајнхард Раухенштајнер, роден во 1970 година во Виена, студирал филозофија, теологија, филмска уметност и политички науки на Универзитетот во Виена, Академијата за ликовна уметност и Универзитетот за применета уметност. Пишувал за „Франкфуртер Хефте“, „Морген“ и за „Лихтунген“. Публикувал во дневни весници и во периодични списанија. Седум години предавал на Универзитетот за применета уметност…
Оливера Ќорвезироска Оливера Ќорвезироска е родена 1965 година во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Авторка е на две книги поезија, три книги за деца, три книги критика и есеистика, три романи и осум книги раскази за возрасни. Повеќекратен добитник…
Дијана Петрова Дијана Петрова е родена на 8 април 1992 година во Делчево. Професорка е по македонски јазик и литература. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, каде и го продолжува своето студирање на втор циклус студии. Авторка е на три објавени книги: „Бдеењето над себе“ (роман;…
Онджеј Штиндл Онджеј Штиндл (1966) е чешки писател, новинар, филмски и музички критичар, сценарист и ди-џеј, познат по неговиот придонес кон современата чешка литература и медиуми. Студирал на Факултетот за образование при Карловиот универзитет во Прага. По Сомотната револуција во 1989 година, го коосновал Радио 1, кое на почетокот се викало Радио Сталин и започнало…
Калина Малеска Калина Малеска е писателка, професорка, книжевна преведувачка. Авторка е на: романите Бруно и боите (2006), Призраци со срмени нишки (2014) и Светот што го избрав (2024), збирките раскази: Недоразбирања (1998), Именување на инсектот (2008), Мојот непријател Итар Пејо (2016) и Скопје во високата зона (2021), драмата Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија (2010);…
Александар Прокопиев Бројот на објавени книги на македонскиот писател Александар Прокопиев (1953, Скопје) надминува дваесет (збирки раскази, новели, есеи и еден роман), а нивните преводи на балкански и на светски јазици се уште побројни. На пример, на српски јазик досега се објавени дури осум преводи на негови дела (најмногу во издание на „Геопоетика“). Во 2000…
Шоле Резазаде Шоле Резазаде (1989) се преселила во Холандија од Иран во 2015 година. Три години по нејзината преселба, потпишала договор за првиот роман „Небото секогаш е виолетово“ за кој ја добила Наградата за дебитанти на Друштвото за холандска книжевност и Наградата на публиката „Бронзена був“. Романот беше и на пошироката листа за наградите „Либрис“…
Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Дипломирал Општа и компаративнa книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во родниот град. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), книгата собрани сатирични текстови „Хрониките на…








