Petar Andonovski
Петар Андоновски дипломирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје. Автор е на една збирка поезија „Ментален простор“ (2008) и на пет романи: „Очи со боја на чевли“ (2013), „Телото во кое треба да се живее“ (2015), „Страв од варвари“ (2018), „Лето во кое те нема“ (2020) и „Не кажувам“ (2023). Добитник е на наградите: Роман на годината („Телото во кое треба да се живее“, 2015), Европска награда за литература („Страв од варвари“, 2020), Најуспешен домашен автор (признание на Македонската асоцијација на издавачи за 2020 година, доделена на Саемот на книгата во Скопје) и „ПЕН преводи“ (за романот „Лето во кое те нема“, 2022).

Не кажувам
Antolog, Skopje, 2024
Што е тоа што семејството го прави семејство? Постојат ли граници на љубовта меѓу родителите и децата што не смеат да се пречекорат? И колку кажување и некажување се потребни за здрав партнерски однос? Станува збор за возбудлива приказна за четворица родители, едно дете и многу некажани мисли и емоции.
Низ раскажувањето со препознатливиот стил на Петар Андоновски, остро како со скалпел се отвораат болните рани на нештата што ги сметаме за вредности. Со „Не кажувам“ Петар одново отвора особено важни прашања на кои сите треба да се замислиме и да дадеме одговор. „Не кажувам“ е меѓу првите или, можеби, првиот роман на Балканот кој ја обработува темата на квир-родителството.
