Ненад Јолдески

Ненад Јолдески е современ македонски писател. Дипломирал на Економскиот факултет, а магистрирал на Катедрата за Oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет.

Неговата прва книга, „Штамата на Енхалон“ (Темплум, 2009) е збирка раскази напишани на струшки дијалект и социолект. Таа ја доби наградата „Новите“ за најдобро дебитантско дело на конкурсот на издавачката куќа Темплум. Во 2012 година ја објави збирката раскази „Секој со своето езеро“ (Темплум), за која во 2016 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија; книгата е преведена на повеќе јазици. Автор е и на краткиот роман „Пливање спротиводно“ (Или-Или, 2018) и на поетската збирка „Како паѓаме јас и ти“ (Бегемот, 2026). Членувал во уметничката група „Везденски“ и адаптирал сценарија за аматерски театарски претстави, меѓу кои „Старица“ од Данил Хармс и „Инсомнија“ од Димитрие Дурацовски.

 

Како паѓаме јас и ти

„Бегемот“, Скопје, 2026

 

„Како паѓаме јас и ти“ е книга што го претвора распадот во јазик. Ова е книга за свет што гори, замрзнува, исчезнува и повторно се раѓа. Неговите краеви и преобразби се координати на еден доследно изграден поетски универзум. Збирката не го романтизира распадот; напротив, го чита како основна состојба на современиот свет, во која љубовта останува единственото место на отпор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment