Ермис Лафазановски   Ермис Лафазановски (1961) e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата, фолклорист и преведувач. Има објавено повеќе трудови од областа на фолклористиката, книжевноста и културната антропологија. Исто така, дал значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, добитник е на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале…

    Ахмет Умит Ахмет Умит е роден во Газијантеп (Турција) во 1960 година. Дипломирал на Катедрата за јавна администрација при Универзитетот „Мармара“. Во периодот 1985–1986 година студирал политикологија на Академијата за општествени науки во Москва. Неговата прва книга е збирка поезија, објавена во 1989 година. Во 1992 ја објавува својата прва книга раскази. Следуваат…

Владимир Мартиновски Владимир Мартиновски (1974) е македонски поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач и антологичар. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 г. на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер,…

  Сања Михајловиќ-Костадиновска   Сања Михајловиќ-Костадиновска (1982), поради сплет на околности, работи на Филолошкиот факултет како професор по шпанска книжевност. Случајно станува писателка на следниве книги: „517“, „(Бес)конечни модели на расказот“, „Во кратки црви“, „Сонувалко“ и „Атолото“. Во моментов не пишува ништо заради немање време или инспирација, не знае точно, но креативното пишување наспроти здодевното…

Жарко Кујунџиски Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) е македонски романсиер, есеист, драмски автор, раскажувач, поет, филмски и книжевен критичар, преведувач и издавач. Дипломирал во 2003, а во 2009 и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, копирајтер во маркетинг-агенција, прес-координатор на…

Оливера Ќорвезироска Оливера Ќорвезироска е родена 1965 година во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Авторка е на две книги поезија, три книги за деца, три книги критика и есеистика, три романи и осум книги раскази за возрасни. Повеќекратен добитник…

Калина Малеска Калина Малеска е писателка, професорка, книжевна преведувачка. Авторка е на: романите Бруно и боите (2006), Призраци со срмени нишки (2014) и Светот што го избрав (2024), збирките раскази: Недоразбирања (1998), Именување на инсектот (2008), Мојот непријател Итар Пејо (2016) и Скопје во високата зона (2021), драмата Случка меѓу настани: Хипатија од Александрија (2010);…

Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Дипломирал Општа и компаративнa книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во родниот град. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012), книгата собрани сатирични текстови „Хрониките на…