РИКУ КОРХОНЕН Финска Рику Корхонен своето книжевно деби го прави во 2003 година и набрзо се етаблира како еден од централните фински писатели. Пишува за сериозни и важни теми, во хумористичен стил што ги носи неговите наративни вештини во преден план. Пред да стане писател и колумнист со полно работно време, работи како учител во…

ОФЕЈГУР СИГУРДСОН Исланд Поет и прозаист, Офејгур Сигурдсон е роден во Рекјавик на 2 ноември 1975 година. Има објавено шест поетски збирки и два романи. Сменил многу професии: работел како униформирано вечерно обезбедување во хотел, пакувал шунка и сланина во фабрика, ги „пумпал“ своите мускули како работник на пристаниште и го вежбал својот мозок како…

ЈОСИП КОЦЕВ Македонија Јосип Коцев е роден на 25.5.1985 година во Скопје. Завршил правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Автор е на три поетски книги: „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016) и „Сега е најдолгото никогаш“ (2018). Добитник е на наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата за песната „Етна“ од…

ЏАМАЛ УАРИЈАЧИ Холандија Џамал Уаријачи (1978) е холандски писател. Роден во Амстердам, во холандско-мароканска семејна заедница. Студирал психологија, а неговиот главен литерарен пристап во романите е контроверзниот пристап преку кој зборува за современите општествени проблеми. Пред да почне да се занимава со пишување книги, долги години работел како онлајн-терапевт. Денес објавува романи, статии и колумни…

  ЕНЕС ХАЛИЛОВИЌ Србија Енес Халиловиќ (1977) е раскажувач, поет, драмски автор, новинар, економист и правник од Србија. Основач на новинарската агенција „Санапрес“, книжевниот весник „Сент“ и електронскиот весник за книжевни интервјуа „Екерман“. Пишува раскази, поезија, драма. Неколку негови книги се преведени на македонски. Повеќекратно наградуван и преведуван на повеќе од 15 јазици.    …

МИХАЛ АЈВАЗ Чешка Михал Ајваз е поет и прозаист чии дела може да се опишат како литературни фантазии исполнети со симболизам. Својата прва книга ја издал на 40 години, иако пишувал во различни интервали уште од својата петнаесетта година. Роден е во 1949 година во Прага. Има објавено осум романи, како и есеј за Жак…

АНТОН БАЕВ Бугарија Антон Баев (роден 1963) е бугарски писател. Студирал бугарска филологија во Пловдив, a специјализирал новинарство во Ајова, САД. Работел како библиотекар, колумнист, репортер, главен уредник и издавач. Има објавено голем број книги од различни жанрови. Учествувал на меѓународни фестивали и манифестации, меѓу кои и на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“ во Скопје.  …

СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ Хрватска Славенка Дракулиќ (1949) е родена во Риека, Хрватска. Завршила компаративна книжевност и социологија во Загреб. Работела како новинарка во неделен весник, а денес нејзините колумни се читаат во „Гардијан“ и „Њујорк тајмс“. Смело, речиси исповедно, таа пишува за феминизмот, болеста и женското тело, политиката, комунизмот и посткомунизмот! Славенка е симбол за вечен…