„BookStar“ e прв фестивал на европската литература во регионот, организиран од издавачката куќа „Антолог“, но со поддршка на повеќе културни оператори. Во рамките на оваа манифестација, која започна во 2015 година, а се одржува секоја есен, се вклучени гостувања на странски и на домашни автори, Саемот на европската литература, разговори, промоции, дебати, филмски проекции, музички настапи, изложби и други настани од полето на културата.

„BookStar“ ги објаснува културолошките и општествени промени преку книжевноста. Фестивал од социјално ангажиран карактер чија цел е да разбранува интерес кај пошироката јавност, нудејќи содржини што помагаат полесно да се разберат проблемите со кои се соочуваат литературата и општеството денес.

Фестивалот „BookStar“ отсекогаш носел автори и дела кои ги предизвикуваат поставените наративи, идеи, предрасуди и status quo-то. Затоа, „BookStar“ е повеќе од настан, тоа е инспирација за оние кои веруваат дека текстовите на денешнината поттикнуваат промени, нудејќи погледи на светот каде зборовите не се повеќе букви втиснати на хартија туку – повик за будење.

Оние коишто сакаат да го нарушат обичното и да ја прифатат својата исклучителност ги охрабруваме да поставуваат прашања, да ги оспоруваат претпоставките, да сугерираат промени и да ги допишуваат приказните што го обликуваат нашиот свет.

„BookStar“ секоја година остава белег врз вас, потсетувајќи ве да пре-испитувате, прашувате, да се „вознемирувате“ и „замарате“ и да го држите запален пламенот на љубопитноста.

Прифатете го двобојот со неконвенционалните приказни каде што тивкиот бунт на авторите ќе се сретне со оние кои не се плашат да ги нарушат востановените светогледи. Придружи се и влези во европската литература како свет на можности и различности.

 


 

Тим:

Жарко Кујунџиски, директор на Фестивалот
Валентина Кујунџиска, главен координатор
Бобан Здравковски Андреевски, координатор на настани
Тијана Милиќ, координатор на гости
Дарко Млинар, координатор за логистика и организација
Ивана Божиновска, координатор за продажба
Ели Костова, координатор за продажба

Гордана Вренцоска, дизајнер

Brands & Co Agency, маркетинг

Биљана Стојановска, ПР и медиуми
Александар Котевски, фотографија
Јован Јон Настевски, видео
Eлена Ѓоршеска, лектура на каталог
Марко Трпески, автор на корици