СЛОБОДАН ШНАЈДЕР
Хрватска
Слободан Шнајдер (1948) е хрватски писател и драмски автор. Дипломирал филозофија и англистика на Филозофскиот факултет во Загреб. Основач и долгогодишен уредник на списанието за театар „Пролог“. Објавува романи, есеи, колумни и театарски дела од 1966 година. Негови драми се изведувани низ повеќе градови на Европа, иако некои од нив се избегнувани во Хрватска. Во Битолскиот театар се поставени две негови драми: „Калуѓерички тишини“ (1987) во режија на Владимир Милчин и „Коски во камен – Тито“ (2007) во режија на Бранко Брезовац. Автор е на три романи.
Исцелување на светот
Превод: Владимир Јанковски
„Исцелување на светот“ е приказна за животот на двајца луѓе во време на крајности. Георг и Вера во една точка од своите животи имаат екстремно спротивставени биографии. Тие се среќаваат кога тоа станува можно, откако сè на светот било против таа нивна средба. Но потоа заминуваат секој по својот пат, иако сега пак сè ги упатува на тоа да останат заедно.
Епска приказна што сведочи за моќта на идеологијата способна да подели речиси сè. Романот го опфаќа периодот од втората половина на XVIII век, кога група германски колонисти пристигнуваат во Славонија, во рамките на реформите на Марија Терезија, па сè до распадот на Југославија кон крајот на XX век. Овој роман чука на вратата на сегашноста. Односно, овој роман чука на вратата на егзистенцијалистичкиот страв, неизвесност и општиот гнев.
Најнаградуваниот хрватски роман во последните неколку години. Добитник е на наградите „Меша Селимовиќ“, „Мирко Ковач“, „Радомир Константиновиќ“, „Кочиќево перо“ и „roman@tportal.hr – награда за најдобар хрватски роман“.
Други преводи на Шнајдер на македонски: „Утеха на северните мориња“ (превод: Петре Бакевски, „Тера Магика“, 2000), „Хрватски Фауст и други драми“ (превод: Јелена Лужина, „Блесок“, 2011).