Јоланда Кастањо
Галиција

Јоланда Кастањо (Сантјаго де Компостела, ГАЛИЦИЈА – Шпанија, 1977 година) веќе дваесет и пет години објаву­ва поезија изворно на галициски, која потоа ја преведува на шпански јазик. Досега шест од нејзините збирки поезија освоиле награди, меѓу кои: „Наградата на шпанската крити­ка“, „Espiral Mayor“, „Ojo Crítico“ (за најдобра збирка објавена од автор помлад од 35 години во Шпанија), „Novacaixagalicia“, признанието „Автор на годината“ за 2014 година од галици­ските книжарници, признанието Финалист за „Националната награда за поезија“. Нејзините последни наслови, објавени од „Висор либрос“ во двојазична верзија, се Книгата на егоист­ката (2006), Длабочина на поле (2009) – која била избрана од неделникот „Ел култулар“ како една од петте најдобри збир­ки издадени таа година во Шпанија – и Вториот јазик (2014), која остана на прагот на „Националната награда за поезија“. Основач и директор е на својата Резиденција за писатели/писателки во Галиција, како и на цела една програма за сти­пендии за поетски престој во странство. Исто така, таа е акти­вен културен менаџер и од 2009 година води разни стабилни проекти, секогаш со галициски и меѓународни поети: годишна работилница за превод на поезија, меѓународен фестивал за поезија и месечни поетски читања (награда од галициската критика за најдобра културна иницијатива во 2014 година). Покрај тоа што работи како филолог и снима видеозаписи, нуди книжевни работилници, рецитали, конференции, виде­опоезија и други изведби на своето творештво во цела Европа и Америка, како и во Тунис, Мароко, Зелен ’Рт, Индија, Кина и Јапонија. Со години работела во телевизија (награда „Мајстор Матео“ за најдобар телевизиски комуникатор за 2005 година) и објавувала колумни во разни галициски списанија. Нејзино­ то творештво делумно е преведено на повеќе од дваесет и пет различни јазици, а објавила поетски памфлети на шпански, германски, француски, кинески, хрватски и македонски јазик. Исто така, објавила дела и како уредник, копреведувач на со­времени автори (меѓу кои и Никола Маџиров и Марко Погачар на шпански јазик), аудиозапис на книга на италијански јазик, стихозбирки на француски, англиски и српски јазик, лична ан­тологија како поетски стрип и шест книги поезија за деца. Раз­вива разни искуства што ја спојуваат поезијата со другите кре­ативни јазици (музика, визуелни и аудиовизуелни уметности, танц, стрипови, архитектура… сè до готварство), активност за која била наградена и која ја реализира насамо или во сора­ботка со други уметници. Добитник е на меѓународни стипен­дии за поетски престој во Родос (Грција), Минхен, Пекинг и Единбург.

 

Состојба на разговор
Превод: Никола Ѓелинчески

„Поетиката на патувањето кај Јоланда Кастањо не е поврзана само со долги патувања со различни превозни средства (од кола до брод и авион); таа е неизбежно поврзана со интеркултурните средби и дијалози, со соочувањето со другоста, со постојаните себеиспитувања, како и со односот со јазикот. Пишувани на галициски јазик, потоа преведувани т.е. пресоздавани на шпански од самата авторка, песните на Кастањо неретко го тематизираат човечкото искуство со јазикот, а особено се занимаваат со одликите на поетскиот јазик. Без голем ризик би можело да се каже дека поезијата на Јоланда Кастањо во голема мера е и метапоезија и поезија што има силен полифоничен капацитет.“

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment