Словачка
Моника Компаникова

Моника Компаникова (1979) е една од најзначајните писателки на современата словачка литература. Завршила ликовна академија – отсек графика, а подоцна магистрирала и сликарство во Братислава. Своите први раскази ги објавува на страниците на книжевните списанија и антологии. За својата дебитантска книга ја добива наградата „Иван Краск“. Авторка е на четири романи, како и на пет книги за деца. Се занимава со разни активности од општествен и од социјален карактер. Нејзините раскази, романи и детски книги се одликувани со бројни награди и истите се преведени на петнаесет јазици. Работи како издавач и уредник за словачкото списание „Дневник“. За романот „Петтиот брод“ ја има добиено најпрестижната книжевна награда во Словачка, „Анасофт литера“, а прогласен е и за најдобра книга за 2010 година.

 

 

ПЕТТИОТ БРОД
Превод од словачки: Стојан Лекоски

Роман за односот на децата и родителите во кој недостасува интимност и љубов. Приказната е пренесена преку перспективата на Јарка, дванаесетгодишно девојче кое живее со својата млада, но несозреана самохрана мајка и со својата незаинтересирана и дистанцирана баба. Во ова семејно јадро нема суштинска поврзаност ниту блискост. Емоционално запоставена и препуштена сама на себе среде џунглата на бетонски згради во една населба во Братислава, Јарка мечтае за место каде што ќе се чувствува своја на своето. Нејзините постапки се трогателен и искрен детски обид да го поправи светот на возрасните и да биде дел од семејство какво што сонува да има. Инспирирана од вистински ликови, Компаникова напишала исклучително дело за односот на децата и родителите во современото општество.
Според „Петтиот брод“ е снимен и филм, премиерно прикажан на Берлинскиот фестивал, каде што ја освојува првата награда во категоријата „филм за млади“.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment