Литванија
Даина Ополскаите

Даина Ополскаите Ковалчикиене е литванска писателка. Родена е во 1979 година во Вилкавишкис, Литванија. Дипломира на Литванскиот педагошки универзитет, каде што студирала литванска филологија, а сега работи како наставник по литвански јазик и литература во гимназијата „Пилвишка Сантака“ во Вилкавишкис. Во 2000 ја добива наградата на Сојузот на литванските писатели за најдобра дебитантска книга. Во 2018 г., ја добива наградата за литература „Антанас Вајчиулајтис“, како и наградата „Јургис Кунчинас“ за кратки раскази. Станува позната со своите дела, раскази и романи за деца и млади. Во 2017 нејзиниот роман „Уште еднаш, Ричи“ е прогласен за книга на годината. Во 2019 објавена е нејзината збирка раскази „Пирамидите на денот“ и истата година ја добива Наградата за литература на Европската Унија. Присутна е и во медиумите, каде што објавува кратки раскази, рецензии и есеи.

 

 

 

 

ПИРАМИДИТЕ НА ДЕНОТ
превод: Душко Крстевски

Тринаесетте раскази од оваа книга се занимаваат со размислувањата околу тоа што се менува во текот на времето во светот на протагонистите и на што му е судено вечно да трае. Се поставуваат прашања за човековото битие, љубовта, личната слобода, Бог и судбината, покрај кои животот на современиот човек се доживува како најголемо постигнување.

Кратките раскази на Ополскаите започнуваат со приказ на односите во рамките на едно семејство: меѓу сопружниците, родителите и децата, браќата и сестрите, понекогаш меѓу блиските пријатели или љубовниците. Темите на предавството или гризењето на совеста се истражуваат преку јазикот, кој е нежен и богат.

Еден соголен реализам на човековото постоење силно дејствува врз читателската фантазија, а некои елементи на мистика и фантастика одржуваат рамнотежа меѓу видливиот свет и магичниот реализам.

Расказите се пишувани во период од осумнаесет години, период во кој добија највисоки оценки од книжевната критика. „Решетки“ во 2018 година ја освојува Нобеловата награда за литвански кратки раскази, а расказот „Дојди преку мразот“ е награден со наградата „Јургис Кунчинас“. Во 2019 година „Пирамидите на денот“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија за 2019.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment