Исланд
Ирса Сигурдардотир

Ирса Сигурдардотир (1963) е најпознатата и најнаградуваната исландска писателка на трилери. Започнала со пишување во 1998 година и тоа во два многу различни жанрови – криминалистички романи и книги за деца. Моментално работи како писателка и како градежен инженер. Живее во предградието на Рејкјавик заедно со сопругот и со двете деца.

Покрај самостојните книги, авторка е и на два серијала – „Дора Гудмундсдотир“ и „Детската куќа“. Во 2021 година го започнува новиот серијал „Црниот мраз“. Крими-романите на Ирса се успешни на меѓународно ниво и се преведени на повеќе од 30 јазици. Два од нив се избрани од „Сандеј тајмс“ за трилери на годината. Има добиено огромен број награди за своето творештво.

 

 

 

ДНК
Превод: Моника Илкова / Ирина Тумбовска

1987 година, три дечиња остануваат сираци и се разделени во различни семејства. 2015 година, две момчиња бараат помош од соседите затоа што се будат заклучени во својата соба, а мајка им ја нема. Убиена е на грозоморен начин, а единствениот сведок на убиството е едно немо девојче.

 

 

ПРЕСМЕТКА
Превод: Моника Илкова / Ирина Тумбовска

Малата Вака седи на студените скали пред своето ново училиште. Ѝ се придружува другарче, кое предлага да го искористи телефонот во нивниот дом, а потоа ќе одат да си играат кај Вака. Но, откако ќе влезе во нивната куќа, веќе никогаш нема да излезе.

 

 

ОСЛОБОДУВАЊЕ
Превод: Нина Рудиќ

Брилијантна и неизвесна приказна за мрачната страна на социјалните медиуми. Книгата ќе те натера да се запрашаш дали си објавил нешто за што можеби ќе зажалиш. Полицијата дознава за злосторството на ист начин како и сите други: преку „Снепчет“. Пронајдено е телото и тоа е обележано со бројот 2.

 

 

КАРПА НА БЕСИЛКИТЕ
Превод: Елена Јошеска

На едно мрачно вулканско поле во околината на Рејкјавик се наоѓа карпата на бесилките. Тоа порано било место на кое се вршеле егзекуции, а сега е туристичка атракција. Сè додека едно утро полицијата не најде обесен човек.

 

 

КУКЛАТА
Превод: Нина Рудиќ

Требаше да биде тивко семејно патување со риболов, можност за мајката и ќерката да разговараат, но тоа засекогаш ги менува нивните животи. Не уловуваат ништо освен скршена кукла што се заплеткува во мрежата. До следното утро мајката е мртва, а куклата исчезнува.

 

 

ШТАМА – НОВО
Превод: Весна Ликар

Студен ден е во Рејкавик а едно бебе исчезнува. Родено е од сурогат мајка, договор што почнал добро но потоа тргнал во лоша насока. Единаесет години подоцна во автомобил пронајдено е обезглавено тело на непозната жена.

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment