Фросина Пармаковска

Фросина Пармаковска е писателка со богато романескно творештво.

Дипломирала Општа и компаративна книжевност, а магистрирала на Институтот за македонска книжевност. Од 2018 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и редовно учествува на домашни и меѓународни книжевни манифестации. Нејзините дела се преведени на српски, бугарски, украински и на германски јазик.

Aвторка e на романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ (2013), „Вишнова хроника“ (2014), „Одбројување“ (2017), „На враќање“ (2020), „Сè уште можам нешто да сторам“ (2023) и „Кривата Дијана“ (2025), и на сликовниците „Екологија“ и „Додо, вонземјанинот и мачорот“.

Добитничка е на наградите Роман на годината (2017), Најуспешен автор на МАИ (2018), Рациново признание (2024) и наградата „Пегаз“ (2025).

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment