Ивана Трајаноска
Ивана Трајаноска е писателка, интердисциплинарна истражувачка, преведувачка и професорка по англистика на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Таа е претседателка на Форумот на Меѓународната асоцијација за студии на зборот и на музиката (WMA), Грац. Авторка е на романите „Разгледници“ (2008), „Деса“ (2021) и „Јета“ (2026).
Ракописот на нејзиниот втор роман, „Деса“, ја доби наградата Сребрен „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2020 година, а беше финалист за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ во 2021 година. Романот „Деса“ е преведен на албански јазик од Милена Селими (Харпа, Тирана, 2023) и на англиски јазик од Маја Трајаноска (Арс Ламина, Скопје, 2026).
