Разговор со авторите: Кристијан Новак (Хрватска), Румена Бужаровска (Maкедонија), Фарук Шехиќ (БиХ), Игор Маројевиќ (Србија)
Балканската литература длабоко ги истражува темите на современите лични и колективни конфликти, пресликувајќи ја сложената историја на регионот, особено по распадот на СФРЈ. Тековните етнички и политички борби се централни теми за многу дела од современите книжевни објави. Делата на Румена Бужаровска, Фарук Шехиќ, Кристијан Новак и Игор Маројевиќ се синоним на балканската литература денес. Авторите обработуваат теми како траумата произлезена од југословенските војни, додека истата се движи и низ современата „војна“ меѓу машките и женските раскажувачки гласови, критички разгледувајќи ја родовата динамика во општеството, истакнувајќи ја тековната борба меѓу традиционалните очекувања и модерните општествени перспективи, како и битките со стереотипите. Делата на овие автор(к)и претставуваат сложен наратив кој ги испреплетува историските начела со современите родови дебати, пружејќи повеќеслоен поглед на одговорот на екс-ју литературата и на одгласите на војната и родот.
Настанот ќе го модерира Владимир Јанковски.