Искра Димковска е родена во 1982 година во Скопје. Во 2006 година дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, стекнувајќи се со звањето филолог по италијански јазик и литература и германски јазик и литература. Во изминатите години уредник е на издавачката куќа „Сказнувалка“. Од италијански на македонски јазик ги превела „Месечината и огновите“ од Чезаре Павезе („Антолог“, 2014), „Жена“ од Сибила Алерамо, („Сигмапрес“, 2015), „Прави се сите“ од Паоло Сорентино („Антолог“, 2021), „Доволно е да заврши денов“ од Антонела Латанци („Сигмапрес“, 2022), „Чекорите на црешовото дрво“ („Антолог“, 2024). Многу сака сладолед, да вози велосипед и да им чита приказни на Ива и на Леа пред спиење.