ГЕРМАНИЈА
Преведувач и меѓународен соработник на „Слободниот универзитет Берлин“ – Берлин, Германија
Интернационална награда „Драги“ (2024) за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски на германски јазик
Бенјамин Лангер е роден во 1976 година во Ерланген, Германија. Студира германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта. Од 2005 до 2009 работи како лектор на Катедрата по германистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2009 година живее во Берлин каде што работи во одделот за меѓународна соработка на „Слободниот универзитетот Берлин“ и преведува македонска литература на германски јазик.
Во 2018 година се здобива со докторат на тема за имагинации на Македонија во книжевноста на германски јазик.
Во негов превод досега се објавени книги на Влада Урошевиќ, Гоце Смилевски, Петре М. Андреевски, Дејан Трајкоски и Румена Бужаровска. Повеќето од нив побудиле голем интерес кај германските медиуми.
Во 2017 му е врачено меѓународното признание „Блаже Конески“ на Македонската академија на науките и уметностите, а во 2022 германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер го поканува како посебен гостин на делегацијата која го придружува на неговото патување во Македонија и Албанија. Во својот говор во македонското собрание, Штајнмајер го цитира „Пиреј“ во превод од Бенјамин Лангер.
Досега има објавено научни трудови и бил дел од голем број настани поврзани со литература.