За време на „BookStar“ специјално за нашите читатели го организираме 9-тото издание на Саемот на европската литература. Меѓу другото, ќе можете да ги набавите книгите добитнички на престижната Награда за литература на Европската Унија, но и други наслови од најдобрата европска, регионална, но и македонска продукција. Исто така, во одредени термини ќе може да се дружите и со „Зборче“, вашата секогаш достапна мобилна книжарница, која ги приближува најдобрите книги за читателите од целата држава.
Акциските цени ќе важат единствено во Младинскиот културен центар, за времетрањето на Фестивалот, секој ден од 15.00 до 22.00 ч.