Ксенија Чочкова (1979) е преведувачка од германски јазик. Дипломирала на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Денес живее и работи како книжевен преведувач и менаџер во културата во Баден-Баден, Германија. Работела на повеќе изложби, конференции, различни проекти од областа на културата. Досега има објавено повеќе од 30 преводи на автори од германското говорно подрачје, меѓу кои и: Бернхард Шлинк, Јулија Франк, Елфриде Јелинек, Бертолт Брехт, Кристоф Хајн, Штефан Цвајг, Елијас Канети, Роберт Валзер, Роберт Музил и други. За своите преводи е наградена со повеќе стипендии како „Средба на преведувачи“, организирана од Литературниот колоквиум Берлин, „Преведувачка резиденција“ на Гете-институтот и Фондацијата Алфред Тепфер во Гут Зиген.