Ве информираме дека во склоп на фестивалот ќе се организира и тркалезна маса помеѓу група претставници на значајни регионални издавачки куќи и фестивали за да ги дискутираат можностите да се зголеми соработката во рамки на регионот и надвор од него, преку:
Меѓусебно претставување и запознавање,
Размена искуства и практики,
Афирмирање на домашната и регионалната книжевна сцена на европско рамниште,
Организирање фестивали, гостувања, награди, резиденции и конференции,
Промовирање на авторите низ изданија на сите регионални јазици, но и на големите европски јазици,
Соработка на проекти за промоција на регионалната книжевна сцена.
Учесници: Пламен Тотев (Бугарија), Ламија Милишиќ (Босна и Херцеговина), Драго Гламузина (Хрватска), Александар Шурбатовиќ (Србија), Ена Хасечиќ (Босна и Херцеговина), Жарко Кујунџиски (Македонија)
Настанот ќе го модедира Радмила Ванкоска и е од затворен карактер.