На 4 октомври, во 21:00 часот, во Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на СЛЕМ НАТПРЕВАР со учесниците: Франсис Кирпс (Луксембург), Перо Сарџоски, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпче, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади.
Поетскиот слем натпревар е модерен, перформативен начин на интерпретирање авторски текстови и е од натпреварувачки карактер. Петчлено жири кое се избира од публиката ги бодува текстовите и начинот на изведба. Настапувач(к)ите на располагање го имаат само својот авторски текст, кој е потребно да се изведува напамет на микрофон без други реквизити или музика и три до пет минути време за настап.
Повеќе за Театарската работилница Прилеп и фото за Поетскиот слем Македонија на: teatarskarabotilnica.mk.