ДА СЕ БИДЕ (ПОИНАКВА) ЖЕНА!
На 2 октомври, во 20:00 часот, во @Младински Културен Центар, кино „Фросина“, дојдете на разговор со Наџат Ел Хачми (Шпанија) – авторка на „Во понеделник ќе нè сакаат“ која е годинашна добитничка на наградата „BookStar“ 2023.
Наградата се доделува од 2016 година. Првите две години беше наградувана најпродаваната книга помеѓу две фестивалски изданија, но потоа се доделува на најзначајната книга во текот на претходната година.
Досегашни добитници:
2023 – Наџат ел Хачми (Шпанија), „Во понеделник ќе нè сакаат“
2022 – Светлана Алексиевич (Белорусија), „Војната нема женско лице“
2021 – Миодраг Мајиќ (Србија), „Островот на пеликаните“
2020 – Николо Аманити (Италија), „Ана“
2019 – Евгениј Водолазкин (Русија), „Авијатичарот“
2018 – Славенка Дракулиќ (Хрватска), „Невидлива жена и други раскази“
2017 – Јуси Адлер-Олсен (Данска), „Жената во кафезот“
2016 – Есмахан Ајкол (Турција/Германија), „Убиство во хотел Босфор“
Настанот ќе го модерираат Александар Маџаровски @Читачот и Ана Јовковска.
За да учествувате во денешниот giveaway, треба да ја споделите оваа објава и во коментар да означите со кого би дошле на BookStar!
Добитниците ќе бидат одбрани по случаен избор од коментарите.
Наградата мора да биде подигнaта лично, во МКЦ, на 2 октомври веднаш после настанот.
Затоа, ве замолуваме да коментирате само тие што планирате да го посетите фестивалот BookStar. Доколку добитникот не се појави во предвидениот термин, книгата ќе биде доделена по случаен избор на гостин/ка од присутните.