СООПШТУВАЊЕ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ @Награда ДРАГИ 2023.
- Награда „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик
- Интернационална награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор во странство
Во 2022 година издавачката куќа „Антолог“ ја востанови наградата „Драги“ за најдобар превод на книжевен текст на македонски јазик. Оваа година за наградата „Драги“ беа номинирани 39 преведувачи од 17 издавачки куќи и две приватни изданија. Меѓу номинираните се најдоа преводи на книги од 15 јазици.
После неколку кругови, петте финалисти се:
- Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на „Артконект“.
- Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на „Артконект“.
- Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на „Бегемот“.
- Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на „Артконект“.
- Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на „Алеф публикации“.
Кој ќе биде првиот добитник на оваа значајна награда?
Дојдете и дознајте на свечената церемонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во понеделник од 14 часот.