Постои јазик кој не се говори со уста туку со раце и тој ни помага да комуницираме со глувите и наглувите луѓе. Тие се дел нашата заедница и целта на Фестивалот „BookStar“ е да ги вклучи во своите активности. Преку оваа инклузивна иницијатива започнуваме соработка со „Talking hands“, oдносно „Раце што зборуваат“, правејќи ги дел од настаните на годинашното издание достапни и за лицата со делумна или целосна попреченост да слушаат. Наша заедничка задача е да бидеме отворени за сите наши сограѓани.
Побарајте го знакчето на „Talking hands“ во програмата за да увидите кои настани се инклузивни.
„Тalking hands“ или „Раце кои зборуваат“ е проект кој е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Здружението за глуви и наглуви – „Тишина“ – Карпош и Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ во партнерство со фондацијата „Сигно“ од Норвешка. Проектот има две компоненти и тоа:
– Создавање македонски знаковен речник (www.znakoven.mk)
(знаковниот речник е создаден и одобрен од глувата популација во Македонија.);
– Обезбедување повеќе работи места за глувата популација во мешана средина и нивна социјализација (глуви лица и лица што слушаат) www.ovosen.mk.
Повеќе на: https://znakoven.mk/